Erasmus+ проектот ---ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК ВО УЧИЛИШТЕ---

Проект во рамките на програмата „Ерасмус +“ за имплементирање на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во училиштата Проектот „Заеднички јазик во училиште" обезбедува практични алатки за стручните лица кои работат со ученици со развојни потешкотии во училиштата. „Заеднички јазик во училиште" ја претставува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје, или позната како МКФ (Светска здравствена организација, 2001) како заеднички јазик за опишување на индивидуалната ситуација на детето во однос на учењето и овозможува холистички трансдисциплинарни проценки и процеси на планирање базирани на способностите на детето. На проектот работат 10 партнери од 4 држави од Европа (Австрија, Германија, Северна Македонија и Турција), а го координира проф. д-р Манфред Претис. Проектот започна на 1 септември 2018 година и ќе трае до 31 август 2021 година. Се изврши и дисеминација на двајца соработници од нашето училиште. Тие понатаму ќе ги прошират активностите и ќе вклучат и други стручни лица од наставниот и педагошки кадар за поефективни реултати од целта на проектот. Повеќе детали на следниов линк

Мисија и визија на ООУ Ванчо Прке - Штип за оваа учебна година

М И С И Ј А

Нашето училиште претставува отворена институција за нови, напредни и современи облици на учење и примена на новите методологии и го стимулира индивидуалниот развој на сите ученици и вработени без разлика на етничката припадност, ја развива свеста за правата и одговорностите на ученикот, ја развива свеста за правата, и одговорностите на ученикот.

Изјава за мисија:

Училишна средина според потребите на учениците и општествената средина.

Визијa на училиштето

Се стремиме кон негување на слободата на мислењето и говорот, почитување на ученикот, пред се како личност без разлика на неговата етничка припадност, настава во која ќе се користи современа образовна технологија и методологија и истата да биде применета во корист на остварување на целите на учењето, наставата да биде атрактивна и учениците да го сфатат учењето како сопствена потреба и нужност и да гради систем на позитивни вредности, а со тоа ќе ги подготвиме да се оформат како возрасни зрели личности кои ќе придонесат,за градење на демократско граѓанско општество.

Изјава за визија:

Секогаш ќе бидеме во чекор со времето.

За патронот на училиштето:

Ванчо Пркев Сермен(1921-1943), учесник во народноослободителната борба и народен херој. Во 1939 се запишува на Техничкиот факултет во Белград. Тамо 1940 година постанува член на комунистичката партија на Југославија. Активно учествова во демонстрациите, поради то бил во конфликт са режимот. На деветнаести мај 1943 тргнува со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застана да се одмори во една колиба. Тука ги стигнува потерата на бугарската полиција и ја опколува колибата. Во групата само тој имаше пушка, додека другите биле невооружени. Им наредува на останатите да се пробијат до планината, додека го заштитува нивното повлекување.Пукаше во бугарските фашисти додека има муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнува на непријателот и во тој момент паднува погоден од митролескиот рафал. Загинал на 21.05.1943 год. Со указ на Президиумот на Народното собрание на Сојузна Република Југославија, на 2 август 1949 година е прогласен за народен херој.

(за GMT - временска зона)

Општо за училиштето

Оваа учебна година во училиштето има 1213 ученици распределени во 72 паралелки во редовна настава и 34 ученици во посебните паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 9-то одд., Германски јазик и Француски јазик од 6-то до 9-то одделение.