Оваа учебна година во училиштето се запишани 1213 ученици распределени во 72 паралелки во редовна настава и 34 ученици во посебните паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.
Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 9-то одд., Германски јазик и Француски јазик од 6-то до 9-то одделение.