Мисија и визија на ООУ Ванчо Прке - Штип за оваа учебна година

М И С И Ј А

Нашето училиште претставува отворена институција за нови, напредни и современи облици на учење и примена на новите методологии и го стимулира индивидуалниот развој на сите ученици и вработени без разлика на етничката припадност, ја развива свеста за правата и одговорностите на ученикот, ја развива свеста за правата, и одговорностите на ученикот.

Изјава за мисија:

Училишна средина според потребите на учениците и општествената средина.

Визијa на училиштето

Се стремиме кон негување на слободата на мислењето и говорот, почитување на ученикот, пред се како личност без разлика на неговата етничка припадност, настава во која ќе се користи современа образовна технологија и методологија и истата да биде применета во корист на остварување на целите на учењето, наставата да биде атрактивна и учениците да го сфатат учењето како сопствена потреба и нужност и да гради систем на позитивни вредности, а со тоа ќе ги подготвиме да се оформат како возрасни зрели личности кои ќе придонесат,за градење на демократско граѓанско општество.

Изјава за визија:

Секогаш ќе бидеме во чекор со времето.

За патронот на училиштето:

Ванчо Пркев Сермен(1921-1943), учесник во народноослободителната борба и народен херој. Во 1939 се запишува на Техничкиот факултет во Белград. Тамо 1940 година постанува член на комунистичката партија на Југославија. Активно учествова во демонстрациите, поради то бил во конфликт са режимот. На деветнаести мај 1943 тргнува со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застана да се одмори во една колиба. Тука ги стигнува потерата на бугарската полиција и ја опколува колибата. Во групата само тој имаше пушка, додека другите биле невооружени. Им наредува на останатите да се пробијат до планината, додека го заштитува нивното повлекување.Пукаше во бугарските фашисти додека има муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнува на непријателот и во тој момент паднува погоден од митролескиот рафал. Загинал на 21.05.1943 год. Со указ на Президиумот на Народното собрание на Сојузна Република Југославија, на 2 август 1949 година е прогласен за народен херој.

Општо за училиштето

Оваа учебна година во училиштето се запишани 1172 ученици распределени во 69 паралелки во редовна настава и 33 ученици во посебните паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 9-то одд., Германски јазик и Француски јазик од 6-то до 9-то одделение.