Отворениот ден за граѓанско образование - на 12.11.2019
ООУ "Ванчо Прке" во рамките на организирање на активности за подигање на демократската клима во училиштата. Координатори на настанот беа предметните наставници Никола Бошков и Емилија Шуманска со огромна поддршка од директорот на училиштето, повеќе наставници и ученици. Во склоп на оваа активност, во организација на училишниот клуб на Црвениот крст, се спроведе и хуманитарна акција за собирање на облека. Дел од Отворениот ден беа и ликовната работилница, работилница за стекнување вештини за живеење во интеркултурно општетсво во организација на МИО тимот и еколошка работилница реализирана од ЕКО- секцијата на училиштето. Гости со свој настап беа и членовите на КУД "Ристо Донев - Учителот" од Штип, фрагменти се прикажани во следниве слајдови:
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ " 3 – ти ДЕКЕМВРИ " Меѓународниот ден на лицата со хендикеп 3 - ти Декември, оваа година го одбележивме со продажен панаѓур на новогодишни изработки и честитки од наставниците и учениците од посебните одделенија . Во оваа активност освен учениците од посебните одделенија , зедоа учество и ученици од редовна настава со пригодна приредба за посетителите . Оваа активност беше поздравена и посетена од делегација од Општина Штип , кои им поделија пригодни подароци на учениците од посебните одделенија , исто така беа донирани и други подароци од претставници на бизнис секторот и наши соработници . Реализирано од: Актив на дефектолози
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ во посебните паралелки
Оваа учебна година во училиштето се запишани 1213 ученици распределени во 72 паралелки во редовна настава и 34 ученици во посебните паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.
Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 9-то одд., Германски јазик и Француски јазик од 6-то до 9-то одделение.